Запиша уште една 8.000-ка во неговото планинарско CV: Кедев го искачи Нанга Парбат на Каракорум


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Македонскиот кардиолог и високогорец Сашко Кедев вчера утрото заедно со уште деветмина планинари го освои врвот Нанга Парбат висок 8.125 метри, на планинскиот масив Каракорум во Пакистан, јавува „Nepal News“.

Станува збор за деветтиот највисок врв во светот.

Кардиологот Кедев ги има искачено највисоките врвови на сите седум континенти, меѓу кои и Еверест, во 2009 година.