Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Прилепскиот новинар, Зоран Милошески, кој исто така е и сопственик на поратолот „Публикум, на социјалната мрежа фејсбук објави дека сношти му е запален автомобилот.
„Почитувани пријатели, околу 1 часот и 20 минути после полноќ, беше запалено моето возило марка „Сузуки свифт“, кое беше паркирано во гаражата. Противпожарната единица интервенираше веднаш откако соседите го виделе возилото како гори. Увид направи и екипа на Полициската станица од Прилеп. Возилото е целосно уништено. Палењето на мојот автомобил се случи точно една година подоцна, откако во јануари 2017 година беше запалена мојата гаража. Сторителите се’ уште не се откриени„, пишува Зоран на Фејсбук.