Запален автомобилот на Сузана Турунџиева, во пожарот изгоре и автомобилот од Ребека


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Минатата ноќ, околу 3 часот по полноќ, автомобилот „Мини купер“ на пејачката и водителка Сузана Турунџиева било опожарено пред трговскиот центар на булевар „8-ми септември“ во Скопје. Огнот го зафатил и возилото во сопственост на Ребека Јанковска Ристески. Овој случај беше потврден и од надлежните служби на Министерството за внатрешни работи.

„На 16.01.2020 околу 03 часот во СВР Скопје пред трговски центар на булевар „8-ми Септември“ бил пријавен пожар во патничко моторно возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Т.(51) од Скопје, а огнот зафатил и патничко моторно возило „шевролет орландо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Ј.Р.(49) од Скопје, велат од МВР.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје. Од полицијата велат дека е извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Дополнително ќе се утврди кои се причините за пожарот.