Западот победи во најефикасниот Ол-стар, Дејвис МВП!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кошаркарите на Западната конференција ги победија колегите од Истокот со 192:182 во 66-от натпревар на „Сите ѕвезди“ во НБА лигата.

На натпреварот во Њу Орлеанс одбрани не се играа поради што е и соборен рекордот според вкупниот број на постигнати поени.

МВП титулата ја освои домашниот играч Ентони Дејвис кој постигна 52 поени (23/39 од поел), а имаше и 10 скокови и 2 асистенции. Кај Западот Кевин Дурент забележа трипл дабл од 21 поен и по 10 скокови и асистенции.

Истокот го предводеше Леброн Џејмс со 23 поени со што стана првиот играч со постигнати повеќе од 300 поени во кариерата на Ол-стар натпреварите.

Ентони Дејвис стана првиот играч по Коби Брајант во 2011 година, кој пред домашната публика го понесе признанието МВП, а Кевин Дурент првиот играч кој по пауза од пет години забележа трипл дабл.

Покрај Дејвис и Дурент во тимот на Западната конференција се истакнаа Расел Вестбрук со 41 поен, 7 скокови и 5 асистенции, Стеф Кари со 21 поен и Џејмс Харден со 12 поени, 12 асистенции и 7 скокови.

Најефикасен во тимот на Истокот беше Јанис Адедокубо со 30 поени, Кајри Ирвинг уфрли 22, а Ајзеа Томас 20 поени.