Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Украинскиот претседател Володимир Зеленски отворено изрази незадоволство за тоа што Украина не доби никаков конкретен датум за приклучување кон Алијансата. А со овој негов став, му даде шанса на Западот да го направи тоа што најдобро го прави – да биде навреден.
Британскиот министер за одбрана, Бен Волис, и американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливен, му порачаа на Зеленски дека и тој и неговата држава треба да покажат малку повеќе благодарност за помошта што ја добиваат од Западот, пренесува ОфНет.
Прво Волис порача дека „без разлика дали тоа ни се допаѓало или не, луѓето сакаат да видат малку благодарност“, дополнително критикувајќи го Зеленски дека има навика со барањата за ново оружје да ги третира сојузниците како магацин на Амазон.
Потоа на друг настан, запрашан од украински активист дали Бајден е тој што го спречува членството на Украина, Џејк Саливен одговори дека „американскиот народ заслужува одреден степен на благодарност“, по што го потсетил активистот што сè му имаат САД испорачано на Киев.
„Сличниот јазик на двајцата покажува одредено ниво на координација и преставува редок случај на контра-реплика на повторените барања на Украина за воена и дипломатска помош,“ пишува Гардијан.
Процената на Гардијан е дека пораките од двајцата како да доведоа до промена кај украинскиот лидер во средата, кој подоцна изјави дека е „благодарен на сите лидери на НАТО држави“ за нивната поддршка. Запрашан за коментарот на Волис, Зеленски повторил дека тие се благодарни и побарал од украинскиот министер за одбрана, кој бил во публиката, веднаш на телефон да му се јави на британскиот колега и да му се заблагодари.