Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според проценките и прогнозите на Обединетите Нации, за триесетина години од денес, формалниот број на жители на Македонија ќе падне под 2 милиони и ќе се намали на окколу 1 милион и 931 жители.
Демографскиот пад се забележува во земјите од Западен Балкан, а предвидувањата се дека бројките ќе се намалуваат доколку властите не се погрижат со долгорочни мерки. Според податоците, младите се најмногу склони кон напуштање на државата.
Многу анализи, како и последната студија на фондацијата Фридрих Еберт, покажуваат дека причините на иселувањето на младите се поттикнати од неколку причини: невработеност, ниски плати, експлоатација, корупција, разочараност од непотизам и партизација на институциите.
Опозициската ВМРО ДПМНЕ обвинува дека власта е винова и за намалување на наталитетот во последните години.
Официјално пребројување во земјава не се случило 18 години. Точната бројка на вкупното население треба да се утврди на пописот кој е планиран за во април идната година, овојпат освен вкупното население кое живее на територијата на државата, во посебна графа ќе се вбројат и иселениците со македонско државјанство.
Опозицијата не го спори попишувањето, но посочуваат дека треба утврдување на бројката само на резидентното население, и без прибирање на матичните броеви на граѓаните. Законот за попис веќе е во Собрание, но не е разгледан во матичните комисии. Директорот на заводот за статистика најави дека деновиве ќе се сретне со политичките партии за дообјаснување на целиот процес.