Заострени мерки заради коронавирусот: Угостителските објекти со скратено работно време


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со цел да се спречи ширењето на коронавирусот во Македонија, Владата воведува нови заострени заштитни мерки. Дополнителните мерки кои се воведуваат на предлог од Комисијата за заразни болести денес за јавноста ги соопшти Министерот за здравство Венко Филипче.

-се забрануваат сите јавни и приватни собири без разлика на бројот на учесници

-угостителските објекти ќе работат со скратено работно време до 18 часот со внатрешни преполовен капацитет (задржување на дистанцата од 1,5 – 2 метри)

-се откажуваат сите кино проекции, театарски претстави и концерти

-се откажуваат сите хронични пациенти чија претходно закажана интервенција може да се одложи, ќе има само итни и неодложни хируршки интервенции – исто важи и за прегледите

-продолжување на терапијата на хроничните пациенти кои досега требаше да одат на специјалист – од наредните денови тоа ќе може да го сторат и кај матичните лекари, а ФЗОМ ќе направи измени во правилникот (нема да важи за новодијагностицирани)

Министерот посочи дека во разговор италијанските колеги кажале дека по воведувањето на најригорозните мерки во Италија немале нови случаи на заболени во најпогодените места.