Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во овој момент поголеми проблеми има во населените места Канатларци, горните делови и во селото Чепигово каде што има прекин на водоснабдувањето поради дефекти од замрзнување. Настојуваме да го решиме проблемот, специфично е зашто тешко се лоцира замрзнувањето на водоводните линии, вели Николоски
Поради студот и ниските температури, деновиве има дефекти во водоводната мрежа и во потисните цевководи во Прилеп, а потрошувачката на вода е енормно зголемена, информира директорот на ЈП Водовод и канализација, Сашо Николоски.
Во божикниот викенд се отстрануваше дефект во водоснабдувањето во селото Селце, има замрзнато куќни водомери, а во моментов нарушено е водоснабдувањето за две населени места.
Поради студот и фактот што се пуштаат чешмите во домовите за да не замрзнат, енормно е зголемена потрошувачката на вода. Николоски апелира до прилепчани да не се пуштаат чешмите, зашто може да се наруши водоснабдувањето.