Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По поднесеното барање на СЈО, судија на претхода постапка од Основен суд донел решение за замврзнување на имотот кој е во целосна или доминантна сопственост на бизнисменот Сеад Кочан, обвинет во случајот „Труст“.
Според неофицијални информации, судот се уште писмено не го известил Кочан, но го информирале Специјалното јавно обвинителство дека барањето им е уважено. Со решението на судот, ќе се блокираат сметките на компанијата „Трансмет“ и телевизија „Нова“, како и други фирми на Кочан. Обидите за потврда на информацијата од страна на СЈО и Основен суд Скопје 1, останаа безуспешни.
За Сеад Кочан е донесено решение за притвор, но тој неколку дена претходно заминал на „службен пат“ и повеќе од два месеци е недостапен за органите на прогонот.