Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради оштетувањето на државниот буџет од над 6 милиони евра, испрани скоро 11 милиони евра, пари кои се основа за иницирање на истрага во случајот „Империја“ и проширување на истата, Кривичниот суд вчера ги прифати барањата од обвинителите на СЈО и го замрзна имото и финансиските трансакции на фирмите ОРКА Холдинг, Ексико и Тимох опфатени со истрагата.
Судијата определи привремени мерки и забрани отуѓување и располагање со уделите на правните лица за кои постои основано сомнение дека била прибавена имотна корист со кривичните дела за кои се води постапката. Воедно судија на претходна постапка, ги прифати барањата на надлежното обвинителство и со решенија наложи на повеќе банки да го запрат одливот на парични средства од сметките на предметните правни лица, наведуваат од Кривичниот суд.
Во меѓувреме, адвокатите на бизнисменот Камчев бараат преиспитување на мерката притвор. тврдат дека Камчев бил приведен од СЈО без судски налог и донесен во судот додека траел претресот во неговите компании. Покрај ова, според одбраната осомничениот не може да влијае врз истрагата или сведоците, бидејќи кривичните дејствија за кои се товари се сторени пред 16 години, период во кој осмничените доколу сакале можеле да ја уништат документацијата.
Камчев и уште 12 негови бизнис соработници се осмничени за перење пари, измама и злостроничко здружување. На 5 мина од осомничените по барање на СЈО им е определен 30 дневен притвор.