Зампарини замина: Палермо доби уште полуд претседател!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Палермо, каде настапуваат двајцата Македонци Илија Несторовски и Александар Трајковски доби нов претседател. Прв човек на тимот од Сицилија стана американскиот бизнисмен Пол Бачаљини.

Инвестицискиот фонд Бачаљини ќе го купи Палермо до крајот на април, а во плановите на бизнисменот се изградба на нов стадион, тренинг центар и вложување во играчкиот кадар.

Пол Бачаљи на претседателската функција го наследи Маурицио Зампарини кој 15 години беше на чело на Палермо.

Интересно е што новиот претседател е исто така ексцентричен лик, за кого италијанските медиуми пишуваат дека е „полуд“ и до Зампарини.