Замислете како им е на тие на кои бруталниот Василиј ќе им мавне шамар (видео)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Кога ќе гледате како Василиј Камотски, земјоделецот од Сибир, со еден шамар ги постила противниците на натпреварите во шамарење, некој можеби и ќе си рече – „добро, се пријавуваат секакви, може и некои мекуши да се овие што му се спротивставуваат“.

Е, за да бидете сигурни и визуелно да ви биде доловено што им се случува на лицата и главите на противниците од Василиј, „најтешката рака“ во Русија реши тоа да го презентира со разорен удар на лубеница.

После ова видео, следно кога ќе гледате некој шамарски дуел на Василиј на некој од руските натпревари во шамарење и кога ќе „патосира“ некој противник, поточно и поконкретно ќе знаете што му се има случено на несреќникот.