Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На 89- годишна возраст почина Златко Боурек, познат како „татко“ на култниот цртан лик Балтазар.
Боурек, сликар, вајар, костимограф, сценограф, режисер, автор на цртани и играни филмови, беше член на Хрватската академија на науки и уметности.
Роден во Пожега во 1929 година, а во 1955 година дипломирал вајарство на Академијата за применети унетности во Загреб.
Уште за време на студиите заедно со колегите ја основал Загребската школа за цртан филм. Боурек беше сценограф на култната анимирана серија Професорот Балтазар, за која по примерот на Ријека, го креирал измислениот Балтазар град.