Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Викендов не напушти уште еден култен лик од новинарската фела – почина познатиот македонски ТВ-водител Реџеп Пампур. Тој беше радио и телевизиски водител, а посебно популарен беше како дел од екипата што ја подготвуваше емисијата за млади „Пулсирања“ на МТВ.
Како новинар работеше и во „Нова Македонија“, во „Пулс“, Радио Скопје, МТВ и во магазинот „Форум“. Во 2009 година доживеа сообраќајна несреќа со мотор и оттогаш се повлече од новинарството. По сообраќајката тој помина низ долг процес на заздравување и рехабилитација.
Откако ќе застанам на нозе планирам повторно да се вратам на телевизија со емисија за филмските случувања. Додека лежам имам многу време за размислување, за креирање, за идеи“, изјави Пампур во интервју во 2013 година кога беше на рехабилитација во обид да застане на нозе по несреќата.