Замина уште една „ха-це“ легенда: Почина Вини Пол – еден од основачите на Пантера


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вини Пол Ебот, братот на хеви-метал легендата Дерел „Дајмбег“ Ебот и еден од основачите на хеви метал бендот Пантера, почина вчера вечер на 54-годишна возраст.

Засега нема информации за причината за смртта на тапанарот на култниот бенд. Вини Пол го основаше бендот заедно со неговиот брат, Дерел „Дајмбег“ Ебот, кој беше застрелан во 2004 година за време на концерт од страна на душевно пореметен посетител.

Легендите на хеви метал сцената на во САД како Дејв Мастејн, Пол Стенли и групата Антракс денеска се простија од Вини Пол.