Замина уште една актерска легенда – почина Бруно Ганц


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На 77-годишна возраст, во Цирих, вчера вечерта почина култниот швајцарски актер кој блесна на европското и светско актерско небо со повеќе легендарни улоги, познатиот Бруно Ганц.

Роден е на 22 март, 1941 година, во Швајцарија, но се појави во повеќе одлични филмови од германско говорно подрачје. Соработуваше со култни режисери како Вернер Херцог, Ерик Рохмер, Френсис Форд Копола и Вим Вендерс.

Остави маркантна актерска трага и импресија со неговата улога во ликот на Дамиел во „Wings of Desire“ (1987) во режија на Вим Вендерс.

Светот го импресионираше и со импресивното филмско портретирање на Адолф Хитлер во оскаровскиот „Downfall“ (2004).

Играше и во неколку филмови од англиско јазично подрачје, меѓу кои „The Boys from Brazil“ (1978), „Strapless“ (1989), „The Manchurian Candidate“ (2004), „The Reader“ (2008), „Unknown“ (2011) и „Remember“ (2015).