Home Шоубизнис Замина уште еден урбан лик: Почина скопската легенда Зеко

Замина уште еден урбан лик: Почина скопската легенда Зеко

По кратко боледување, во Скопје денес почина Горан Атанасов Зеко. Зеко беше еден од најпознатите скопски угостители, а некогаш и пејач кој беше еден од главните креатори на ноќниот и забавен живот во Скопје од крајот на 1980-ти години.

Заедно со Сашо Пижевски – Пиже и Игор Џамбазов е основач и член на култната група Хавана Бенд, која беше своевидна атракција на македонската естрада во раните 90-ти, позната по хитовите „Шток ми бејби“, „Нема спас“, „Дај ми, жити се“ и др. По нејзиното распаѓање, се посвети на својот бизнис угостителството и само повремено учествуваше.

Зеко исто така беше менаџер, косопственик и сопственик на повеќе кафулиња, ресторани, ноќни клубови и дискотеки. Меѓу позначајните се кафулето Баскет, забавниот комплекс Хавана клуб во Градскиот парк, дискотеката „Парк“ во Градскиот стадион и таверната „Хавана“.

Во последно време актуелен со повторното обединување на Хавана Бенд и нивниот хит „Балада за мајка ти и татко ти“, плод на соработката со Александар Митевски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

„Роди си дете“ – кога ќе го слушнам тоа… Милена Ќераниќ со кнедла во грлото ја отвори душата за мајчинството

Милена Ќераниќ посакува мајчинство, но не по секоја цена Пејачката Милена Ќераниќ е познат…