Замина легендарниот Рене од „Ало Ало“: Почина актерот Горден Кеј


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Горден Кеј, актерот најпознат по улогата на Ренè Франсоа Артоа во комедијата „Ало, ало“ на Би-Би-Си, почина на 75 години.

Најзапаметен е по улогата на сопственикот на Кафе Ренè во хит комедијата, лесно, комично гледање на германската окупација на Франција во Втората светска војна.

Серијата, што се емитуваше од 1982 до 1992, беше приказна за маките на секојдневниот живот на ликот Ренè во градот Нувијон: да се одржи пријателска поза за германските војници, да се вовлече во француското движење на отпорот и да се издржат бројните љубовни афери со келнерките.

Кеј играше во 84 епизоди во популарната серија и беше номиниран за БАФТА. Над 1.000 пати играше во верзијата в театар. Кеј беше еден од последните преживеани од актерската екипа. Кармен Силвера, која ја играше жена му, почина во 2002, а Ричард Марнер, кој го играше полковникот фон Штром, почина во 2004.