Замина легендарниот глас на Есма Реџепова – продолжува обемната музичка оставштина


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Утрово, по кратко и тешко боледување на 73-годишна возраст почина познатата македонска пејачка и хуманитарка Есма Реџепова Теодосиевска.

Есма Реџепова беше неформална кралица на ромската музика во светски рамки, примадона на европското пеење и наш музички амбасадор во светот.

Во 2013 година ја доби и престижната титула национален уметник на Република Македонија.

Во својот живот има одгледано 47 деца и одржано голем број концерти и хуманитарни акции.