Замина легендарниот Bottleman: Почина музичарот Зоран Маџиров


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Виртуозот кој правеше музика од шишиња, познатиот музичар Зоран Маџиров почина денес на 49-годишна возраст.

Маџиров беше тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случи лани на патот Струмица – Штип кај „Краварникот”.

„Ботл мен“, како што е познат во јавноста, студираше музика во Германија а во Европа настапуваше и со триото Les Barons Karamazoff, со кое реализирал два проекта: Historical recordings и Pytagora’s glasess and lute.

Роден е 14 јануари во Струмица.