Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По извесно боледување и краток период во критична животна состојба, почина кралицата на соул музиката и една од најдобрите пејачки на сите времиња, славната Арета Френклин.
Френклин беше првата жена која била воведена во Рокенрол холот на славните и неоспорна кралица на соул музиката која ги испеа хитовите „Respect“, „(You Make Me Feel Like) A Natural Woman“ и „Chain of Fools“, почина денеска на 76 години.
Портпаролот на пејачката ја потврди веста преку соопштение во име на семејството. Френклин почина по битка со рак на панкреасот.
„Во овој момент, еден од најмрачните во нашите животи, немаме зборови за да ја изразиме болката во нашите срца. Ја изгубивме кралицата мајка и столбот на нашето семејство“, стои во соопштението.
Арета Френклин е родена на 25 март, 1942 година во Мемфис, Тенеси. Го објави првиот албум „Songs of Faith“ во 1956 година.
Нејзината кариера се вивна кон височините со хитот „I Never Loved a Man (The Way I Love You)“ од 1967 година.
Во април истата година ја ообјави преработката на „Respect“ на Отис Ридинг, додавајќи го едноставното спелување на зборот „R-E-S-P-E-C-T“ и песната стана инстантен и вечен хит. Списанието „Rolling Stone“ ја прогласи песната за петта најдобра песна на сите времиња.