Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тина Тарнер, попозната и како „Кралицата на рокенролот“ почина денеска мирно на 83-годишна возраст по долго боледување во нејзиниот дом во Куснахт во близина на Цирих, Швајцарија. Со неа, светот губи музичка легенда и ѕвезда која беше пример за останатите.
Ова го изјави претставник вечерва за смртта на поп-иконата која последните години беше во лоша здравствена состојба. Во 2016 година на Тарнер ѝ беше дијагностициран рак на цревата, а во 2017 година и беше трансплантација на бубрегот, пишува Гардијан.
Тина Тарнер стана икона во 1980-тите и тоа пред сè во рокенролот. Таа го потврди уделот на црните жени во оваа музика. Мик Џегер еднаш признал дека црпел инспирација од нејзините движења на сцената, од нејзините енергични настапи.
Две децении работела со сопругот Ајк пред да стане популарна со албумот „Приватна танчарка“.
Родена како Ана Меј Булок на 26 ноември 1939 година и израснала во Натбуш, Тенеси, за каде што се сеќава дека берела памук со своето семејство како дете. Пеела во малиот градски црковен хор. Еднаш го зграпчила микрофонот пеејќи песна од Би Би Кинг и така влегла во бендот на Ајк, кој подоцна ќе ѝ стане сопруг.
Но, Ајк бил насилен и манипулативен со неа. Неговиот однос Тина го опишала во нејзината биографија „Мојата љубовна приказна“ од 2018 година.
„Мојата врска со Ајк беше осудена на пропаст на денот кога тој сфати дека ќе му бидам заработувач на пари. Тој требаше да ме контролира, економски и психолошки, па никогаш не можев да го оставам“, вели таа во книгата.