Замина бизнис иконата на 20-ти век: Почина основачот на ИКЕА


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ингвар Кампрад, основачот на светски познатата шведска компанија „ИКЕА“ почина на 91-годишна возраст, во својата куќа во Смаланд, јавуваат шведските медиуми.

Од компанијата велат дека тој бил еден од најголемите претприемачи на дваесеттиот век.

Во еден момент, Кампрад дури бил и најбогатиот човек на светот, а живеел во многу неупадлив бунгалов во Швајцарија. Беше нашироко познат по својата штедливост. Користел градски превоз, а со авион летал исклучиво со економска класа, иако без никаков проблем можел да си дозволи приватен млазен авион.

Ингвар Кампрад ја основал „ИКЕА“ на 17-годишна возраст во 1943 година. Самото име на фирмата е акроним од зборовите Ингвар, Кампрад, Елмтарид (семејната фарма), Агунарид (соседното село).

Денес, „ИКЕА“ е еден од најголемите и најпознатите меѓународни концерни и најголем малопродажен синџир за мебел и предмети за домаќинство. Првиот продажен центар на „ИКЕА“ е отворен во Шведска 1958 година, а потоа и во Норвешка и Данска неколку години подоцна, а наредните две децении и во други делови на Европа, но и Јапонија, Австралија и Канада.

„ИКЕА“ денес вработува 190 илјади луѓе во светот и има годишен промет од 38 милијарди евра.