Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако тимот од познатата емисија „Фикс фаре“ на албанската ТВ станица Toп ченел Ин7 го фати на дело и го сними заменик министерот за здравство на Македонија, Асим Муса, како прима мито од пациент од Албанија за да му заврши работа за операција во болница во Струга, Муса си даде оставка од таа позиција.
На видеото се гледа како заменик министерот Муса се пазари со пациентот, односно со новинарот, како бара 1.000 евра, а како аванс зема 50 евра.
По состанокот во Институтот за нефрологија во Струга, Муса и „пациентот“ го одредуваат денот на операцијата.
Муса бил три години директор на две болници во Струга. Две години во општата болница и една година во болницата за нефрологија.
На почетокот соработниците на Фикс фаре размениле пораки со заменик-министерот и договориле термин и место за средба во Скопје. Во разговорот Муса кажува дека операцијата ќе ја изврши во болница и ќе чини 1.000 евра и парите треба да му се даваат нему. Доколку пациентот би се појавил во други околности би требало да плати повеќе за ова операција некаде 1.100-1.200 евра. Но, заменик-министерит ги убедува соработниците на „Фикс“ дека нема да платат за анализите што би чинеле околу 150 евра.
Заменик-министерот во разговорот тврди дека тој овозможува и интервенција сунет за што се плаќа 100 евра. На крај од разговорот соработниците му се обраќаат на заменик-министерот дали ќе може плаќањето да го направат во тој момент за пакетот со што би добиле попуст, но Муса им побара плаќањето да биде направено во денот на интеревенцијата.
Муса денеска се повлече од функцијата откако во јавноста излезе компромитирачката видео снимка.
Во изјавата што ја даде Муса тврди дека неговиот искрен обид да им помогне на пациентите се претворил во стапица. „Пациентот“, како што рече, инсистирал да дознае колку чини интервенцијата, а Муса го информирал дека интервенцијата за странски пациенти е приватна.
„Овие пациенти постојано се обидуваа да приредат стапица против мене во која било форма. Секоја граѓанин кому сум му служел, секој пациент и соработник, јасно знае дека ова е намерна стапица за да ми наштети мене. Нема да дозволам овие 23 години инвестиции во професионалноста и семејниот кредибилитет да биде нарушен со ваква намерна стапица, бомбастични информации со лажни наслови, кои не се реални, а тоа може да се види од снимката.
Какао заменик за здравство имав чест да им служам на граѓаните со голема посветеност и чесност. Овој кредибилитет граден со години нема да дозволам да се ризикува од политичка пропаганда. Затоа донесов одлука да се повлечам од функцијата заменик министер и да ја расчистам оваа дамка. Но, ќе продолжам и понатаму да им служам на граѓаните со иста искреност, скромност и посветеност“, рече Муса.