Заменик-државниот секретар на САД Саливен во посета на Македонија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Американскиот заменик-државен секретар Џон Саливен во вторник ќе престојува во Скопје, соопшти Стејт департментот. Тоа ќе биде посета на највисок претставник на Стејт департментот на Македонија од 2001 година.

Саливен во Скопје ќе разговара за регионалните прашања и ќе ги охрабри македонските претставници да ги продолжат реформите додека земјата работи на спроведување на Преспанскиот договор.

Посетата на Македонија е дел од неговата турнеја во Европа која почнува денеска и во чии рамки, до 20 декември, ќе ги посети и Братислава, Виена, Софија, Сараево и Варшава.