Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Славната латино пејачка Шакира во четвртокот ја објави својата нова песна посветена на бившиот партнер Жерар Пике, која руши рекорди во само два дена.
Песната во која таа пее за неверството на Пике за два дена собра над 86 милиони прегледи на Јутјуб и собори важен рекорд.
Новата песна на Шакира беше преслушана 63 милиони пати во само еден ден, со што го собори рекордот како најслушана латиноамериканска песна на Јутјуб во тој период. За два дена има вкупно над 89 милиони прегледи/преслушувања.
Со оваа песна Шакира се најде на листата на најслушани латиноамерикански артисти кои исто така соборија рекорди на Јутјуб, како Џеј Балвин, Луис Фонси и Деди Јенки.
„Ме остави како сосетка на мојата свекрва, со новинари на врата и долг во трезорот. Мислеше дека ќе ме повредиш, но ме направи уште посилна. Жените не плачат, жените плаќаат“, е текстот на новата песна на Шакира упатена до Пике.
Со песната Шакира му испрати јасна порака на бившиот сопруг, кој наводно ја изневерувал со сегашната девојка Клара Чиа: „Бејби, ти посакувам се најдобро со мојата замена, не знам што ти се случи, но замени Ферари за Твинго, замени Ролекс за Касио…“.