Замената за Икарди пристигнува од Манчестер


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


После проблематичната сезона која ја имаше Мауро Икарди, челниците на Интер донеле одлука да го продадат Аргентинецот на крајот на сезоната.

Аргентинецот го навлече и гневот на навивачите, па јасно е дека неговите денови на „Џузепе Меаца“ се изброени, а раководството веќе почна да бара негова замена.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер како идеална замена за Икарди го означил белгискиот репрезентативец, Ромелу Лукаку.

Англиските медиуми пренесуваат дека Солскјер дал зелено светло за продажба на Ромелу Лукаку и Манчестер Јунајтед е спремен да ги слушне понудите за белгискиот репрезентативец.

Лукаку падна во сенка на Маркус Рашфорд, Солскјер едноставно преферира друг тим на напаѓачи и планира со неговата продажба да го зголеми буџетот за доведување на крилен напаѓач.

Таквата ситуација сака да ја искористи Интер и да го донесе 25-годишниот напаѓач во Милано, па веќе спремил првична понуда од 50 милиони евра.

Јунајтед за него плати 85 милиони евра пред две години, а англиските медиуми тврдат дека за неговата слобода „црвените ѓаволи“ ќе бараат 70 милиони евра.