Заљубен или болно љубоморен: Како да ја препознаете разликата?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Љубомората во мали дози е симпатична, но се почесто љубомората пробува да ја оправда заљубеноста. Разликата е многу голема, а еве како може да ја препознаете.

Љубомора

  • Те сака само за себе цело време, и се лути кога се дружиш со другите.
  • Секогаш се сомнева на најлошото кога комуницираш со другите.
  • Те проверува затоа што „те сака“.
  • Очекува да се однесуваш на одреден начин кога си со него.
  • Полудува кога не му се јавуваш.
  • Има испади со луѓето со кои комуницираш на друштвените мрежи.

Љубов

  • Те сака за себе, но сфаќа дека не можеш да бидеш со него.
  • Верува дека си со него затоа што сакаш да бидеш, и знае дека нема да престаниш да зборуваш со луѓето поради него.
  • Ти верува затоа што те сака.
  • Те прифаќа таква како што си, во таа личност и се заљубил.
  • Знае дека ќе се јавиш кога ќе можеш.
  • Знае дека нема контрола цело време над сите, и има доверба во тебе.