Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Владата нема да чека потпис за да биде објавен Законот за употреба на јазиците, ниту од актуелниот претседател Ѓорге Иванов, ниту од неговиот наследник. Овој закон и Договорот од Преспа, претседателот на Парламентот, Талат Џафери, ќе ги достави до Службен весник, веднаш по усвојувањето на уставните амандмани.
„Не очекуваме, ниту се надеваме дека ќе имаме договор со претседателот во однос на Законот за јазиците. Мислам дека по завршувањето на процесот на уставни измени ќе биде објавен и договорот со Грција, како предуслов за продолжување на процесот а исто така, ќе биде објавен и Законот за јазиците. Двата закона ќе бидат испратени и објавени во Службен весник со потпис само на претседателот на Собранието. Тоа е во рамки на неговите обврски и е резултат на непочитување на Уставот од страна на Претседателот”, рече Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања.
Османи додаде дека Македонија е целосно уверена дека актуелната грчка влада го има потребно парламентарно мнозинство да го ратификува Преспанскиот договор и протоколот за членство во НАТО. Македонските власти не сметаат дека договорот е во опасност и покрај заканите на коалицискиот партнер на Ципрас, Панос Каменос, дека ќе ја напушти власта кога оваа точка ќе дојде на дневен ред во грчкиот парламент.
Извор: АлсатМ