Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако Фејсбук се најде во епицентарот на аферата со злоуптреба на податоци од нивните корисници од страна на Кембриџ Аналитика, конечно се огласи и мнозинскиот сопственик и основач на компанијата, Марк Закерберг. Зборуваше за проблемите со кои се соочува социјалната платформа и за големиот број лажни профили од Македонија кои се смета дека имаа извесно влијание врз претседателските избори во САД.
„Мислам дека е јасно е дека во 2016 година ние не бевме спремни за толку голем број проблеми како што требаше да бидеме, било за мешање на Русија, било за лажни вести. Но оттогаш, неколку месеци подоцна имаше големи француски избори, и таму распоредивме некои алатки за вештачка интелигенција, кои многу поуспешно ги идентификуваа руските ботови и во основа руското потенцијално мешање и неговото искоренување од платформата пред изборите. И ние бевме многу позадоволни како беше изведено тоа, вели Закерберг на темата „Како Фејсбук се справува со мешањето во избори“.
„Во 2017 година, минатата година, за време на специјалните избори во Алабама, пуштивме нови алатки за вештачка интелигенција, кои ги направивме за да откриеме лажни профили што се обидуваат да шират лажни вести, и пронајдовме многу различни профили од Македонија“, вели Закерберг и продолжува:
„Значи, реалноста што ја имаме не е некоја нуклеарна физика. Нели? И ние пред нас имаме уште многу напорна работа за да им отежниме на националните држави како Русија да се мешаат во избори, за троловите и другите луѓе да не можат да шират лажни вести, но ние можеме да го сториме тоа. И имаме одговорност да го сториме тоа, не само за среднорочните избори во 2018 година во САД, кои ќе бидат важна работа годинава, што значи дека ќе бидат во нашиот фокус, туку и за годинашниве големи избори во Индија, за големите избори во Бразил, за големите избори низ целиот свет, и може да се кладите дека ние сме навистина посветени да направиме сè што треба за да осигуриме дека интегритетот на тие избори е безбеден на Фејсбук“, заклучува сопственикот на најголемата социјална мрежа.