Захарова порача: Одговорот на Москва на одлуката на Финска да влезе во НАТО ќе биде изненадување


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека „одговорот на Москва на одлуката на Финска да влезе во НАТО ќе биде изненадување и ќе биде преземен пред сѐ од војската, откако ќе се земат предвид голем број фактори што ќе бидат специфични за членството на Финска во Северноатлантската алијанса“, пренесува Тасс.

На прашањето на фински новинар за воено-техничките мерки што Русија планира да ги преземе против Финска поради нејзината апликација за членство во НАТО, Захарова рече дека тоа би било „изненадување“.