Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Загубено уметничко ремек-дело на италијанскиот сликар Чени ди Пепо Чимабуе, насловено „Christ Mocked“ („Исмеаниот Христос“), проценето на вредност од 6 милиони евра, беше најдено закачено во кујната од домот на една старица во Франција.
Како што јавува Би-би-си, сликата била закачена на ѕид во кујната во стан во францускиот град Компиње, недалеку од Париз. Делото на италијанскиот сликар Чени ди Пепо Чимабуе, „Christ Mocked“, е дел од серијата слики од крајот на 13 век.
Се верува дека сликата денес вреди шест милиони евра и дека толку ќе ја плати новиот сопственик на аукција во октомври.
Старицата мислела дека сликата е икона. Експертите велат дека нема сомнеж за нејзината автентичност. На сликата биле извршени тестови со помош на инфрацрвена светлина за да се бараат сличности со други дела на италијанскиот сликар.
„Сликата е насликана од истата рака“, рекол експертот Ерик Рукин.
Се верува дека сликата е дел од поголема сцена поделена на неколку панели, на кои е прикажан Исус Христос и неговото распнување.