Загубениот пензиски стаж е чин еднаков на кражба – никој не понесува одговорност за тоа


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Ако некому му влезете дома и му земете дел од парите или од друга вредна материјална сопственост, сигурно ќе ве пријави во полиција и ќе бара кривично да одговарате за тоа. Е, иста ситуација е кога некој некому, намерно или ненамерно, ќе му загуби дел од пензискиот стаж – нешто што кај нас низ годините повеќе се провлекува како правило, отколку како исклучок.

Гинењето на нечиј пензиски и работен стаж значи дека се одземале пари некому што со години ги одвојувал од својата уста за да може да егзистира кога ќе отиде во пензија и дека се потрошиле за нешто друго, пишува Слободен печат.

Државниот завод за ревизија утврди дека на 4.210 граѓани кои исполнувале услови за пензија, на денот на ревизијата им недостигал пензиски стаж. Според ревизорот, оваа бројка има тенденција и да се зголемува.

Овој проблем не е отсега, туку уште од осамостојувањето на Македонија. Една огромна неодговорност за која нема оправдување, а барем досега не била ни казнувана.

На едни работници стажот им недостига(ше) затоа што биле измамени, односно работодавачот не им плаќал придонеси. На други – стажот им е плаќан, но уредно не е доставувана документацијата. На трети, ем уредно им е плаќано, ем редовно се носела документацијата, но никаде нема доказ за тоа?!

Очигледно, многу години поминале без дисциплина и сериозен менаџмент во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, но и во сите институции што требало да го „хранат“ со податоци, кога и покрај прогресивните и современи мерки за анулирање на ваквите појави, истите уште се евидентни. Очигледно немало ни добра законска регулатива што ќе наложи процесот да тече нормално, во функција на идните пензионери.

За ова досега никој не одговарал, а треба да одговара, иако секој еден што ќе „брцне во туѓиот џеб“ треба да биде казнет.