ЗАГРОЗУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО: Тинејџерите во голем дел изгладнуваат поради виртуелните херои


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тинејџерите, а особено девојчињата, често имаат поинаква слика за себеси, бидејќи гледајќи телевизија и седејќи на социјалните мрежи, мислат дека не се убави ако не се како јунаците на екраните.

Експертите ги предупредуваат родителоите да поведат сметка за децата, бидејќи истражувањата покажуваат дека се повеќе адолесценти изгладнуваат, за да изгледаат како нивните виртуелни херои.

Јагода Јорга, доктор на медицински науки и специјалист за исхрана, напиша „Диета за тинејџерки“ – прирачник за фукционирање на човечкиот организам и ризиците по здравјето ако се применува неадекватна исхрана. Таа објаснува дека килограм повеќе не значи катастрофа, а тинејџерките веднаш да почнат да се исхрануваат и да не го загрозуваат својот живот.

„Сите деца, брзите решенија ги наоѓаат во недостатокот на есенцијални нутритивни вредности, кои мораат да се внесат преку храната. Ако се примени некоја од хиперпротеинските диети, витаминот Ц ќе недостасува веќе по четвртиот или петтиот ден. Потоа следи пад на имунитетот, слабо обновување и раст на ткивата. Големиот дел од бгрзите диети се засновани на млечни производи, хидрати и масти. Опасни се диетите со пресно овошје и зеленчук во кои нема воопшто или има малку протеини. Притоа не постои ни грам маст, а бидејќи мозокот и црвеите крвни зрнца го покачуваат шеќерот, организмот мора да зема од мускулите и кожата“, предупредува Јорга.