Загина украинскиот „Сив волк“ – еден од најдобрите воени пилоти на светот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Украинскиот пилот и полковник Олександр Оксанченко, наречен „Сив волк“, најдобриот украински и еден од најдобрите светски воени пилоти, во петокот бил убиен откако неговиот авион бил соборен во близина на украинскиот главен град Киев.

Според објавата на Фејсбук на страницата „European Airshows“, Оксанченко го загубил животот во петокот вечерта кога неговиот авион бил соборен од рускиот ракетен систем за воздушна одбрана С-400 Триумф, иако тоа не е официјално потврдено, пишува Aviationist.

На социјалните мрежи се зборува дека неговиот авион бил во „дуел“ со руски авион кој требало да го „замајува“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски постхумно му ја додели титулата „Херој на Украина“ на пилотот, објави Кабинетот на претседателот на социјалните мрежи на 1 март 2022 година.