Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако можеби повеќе во регионот не е табу тема, женскиот оргазам и ден денес се смета за мистерија. Не само за мажите, туку и за оние жени кои своето тело не го познаваат доволно и не знаат што во сексот им годи за да ги доведе до оргазам.
За полесно да се решите од проблемот на сексуално незадоволство, сексолозите посочија нова поза. Станува збор за положба на мачка, која претставува вид на мисионерска поза и фантастична е за стимулација на клиторисот.
Сексот го почнувате во мисионерска поза, за полесно да дојдете до пенетрација, со тоа што момчето потоа не останува потпрен на рацете. Полеко се спушта кон телото на девојката, така што својата тежина ја префрла на подлактиците и колената. Целта е да бидете што е можно повеќе еден до друг за неговиот полов орган да го стимулира клиторисот.
Многу важна работа кај оваа поза е да го одредите точниот притисок и близината, никако не е наменето за груби и брзи потези.
За стимулацијата да биде посилна, се советува девојката да ги подигне колкови кон момчето.
Позата е идеална за долг секс, бидејќи бавно доведува до оргазам, но тој е многу интензивен, особено за жената.