Загадувањето го продолжи зимскиот ученички распуст за дополнителни два дена


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поради зголемените концентрации на загадувачки честички во воздухот во повеќе градови во Република Македонија, како и временските прогнози за претстојните неколку дена, Владата реши да го продолжи ученичкиот зимски распуст за дополнителни два дена со цел да го заштити здравјето на децата и во функција на скратување на времето на изложеност на загадениот. Зимскиот распуст за сите ученици ќе трае два дена, заклучно со вторник, 22 јануари.

Одлуката се однесува на сите ученици од сите јавни и приватни основни и средни училишта во Република Македонија, а истата е донесена преку итна координација на Министерството за образование и наука, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство.

Училиштата ќе бидат во функција, учениците нема да посетуваат настава во наведениот период.

Во овој период Владата, пред сé Министерствтото за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство ќе ја следат состојбата врз основа на која состојба, а во координација со Министерството за образование и наука ќе одлучат околу времетраењето на продолжувањето на зимскиот распуст, соопшти Владата.