Заев: Железни опинци ќе облечам, просечна плата од 500 евра во Македонија ќе има


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


-Ја зголемивме минималната плата, а таа отвори спирала на покачување на платите во Македонија. Со тоа, сега просечната плата е 24.548, а претходно беше 22,889. Дојдовме до просечна плата од 400 евра, ако треба железни опинци ќе облечам, ама 500 евра просечна плата во Македонија ќе има. Ова го изјави премиерот Зоран Заев на трибината во Велес, насловена како „Силна економија, шанса за сите!“

https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/2440467239509756/

Од денеска Владата на Република Македонија започнува со реализација на серија трибини со граѓаните и активности „Силна економија – шанса за сите“ преку кои во отворена дебата со граѓаните ќе се дискутираат економските остварувања и политики како и предизвиците и перспективите кои се отвораат за економски развој на земјата со членството во НАТО и започнувањето на преговори со ЕУ.

На првата дебата што се одржува денеска во Велес граѓани и претставници на компании од овој град дебатираат со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев.

Трибините со граѓаните „Силна економија – шанса за сите“ се отворени за медиумите и за учество на граѓаните.

Извор: Сител