Заев запнал да се брише синтагмата „бугарски фашистички окупатор“ од учебниците – премиере, што велат документите од АСНОМ?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еден ден откако бугарскиот претседател Румен Радев во однос на бугарската блокада на македонските евроинтеграции спомена дека Македонија треба уште да работи во однос на промени во учебници, спомениците, музеите и слично, Македонскиот премиер Зоран Заев изјави дека ќе се интервенира во учебниците онаму каде што пишува бугарски фашистички окупатор.

Заев во денешната изјава вели дека учебниците треба да бидат во пријателски дух, така што не смее фашизмот да има етничка димензија. Никаде во Европа не се споменува името на нацијата, се спомнува фашистички окупатор, и во тој дух, во духот на пријателството, соработка и добрососедство очекуваме тоа да се направи“, рече Заев, пренесува Мкд.мк.

А во однос на актуелните македонски-бугарски односи и иницијативи, Мкд.мк потсетува и на дел од документите на АСНОМ објавени во првиот број на Службениот весник на федералната единица Македонија во Демократска и федеративна Југославија на кој пишува „Смрт на фашизмот и слобода на народот“. Во овие документи имаме „бугарски фашистички хорди“, но и „братски бугарски народ“. Кој што ќе брише сега? Ќе се чека ли и на реакциите од Германија, Албанија, Италија… Го тргнавма АСНОМ од делови од макдонскиот Устав…„Пред победоносниот поход на геројската Црвена армија, отпадна од крвавиот Хителров сојуз и фашистичка Бугарија – таја гнасна слугинка на империјалистичка Германија која повеќе од три години го поробуваше и грабеше македонскиот народ. Јуначката тригодишна борба, која македонскиот народ , заедно со братскиот српски народ, ја водеше против бугарските фашистички хорди, што јурнале во македонската и српската земја да колат и грабат за сметка на берлинските банкари и барони, заврши со голем успех. Разјадена од силните удари на нашата Народно-ослободителна војска на Југославија, бугарската заевателна клика, на чело со Кирил Филов и Михов, не можеше да се одржи пред општенародниот борбен вал на братскиот бугарски народ, кој одлучно ја зеде судбината на Бугарија во свои раци.

Фашистичка, империјалистичка Бугарија згина од Балканот за секојпат!

Нашата славна Народно-ослободителна војска на Македонија веќе ослободи голем дел од нашата татковина! Со тешки борби и смели дејствија она ги избрка бугарските фашистички окупатори од Македонија!… По родната ни земја нѐ гази повеќе бугарската окупаторска чизма…. Бугарската војска во Македонија загубила секаков морал поради дофчерашната окупаторска, плјачкашка служба, која ја вршеше за есап на Германците, раководена комај си од фашистички офицери, до крај ја одигра својата предателска улога, против македонскиот народ. Петата бугарска армија, која се навоѓаше во Македонија, не застана да се бори заедно со нас против Германците, ами направи споразум со нив и им го предаде оружието и власта во некои македонски градови. Благодарејќи на това, Хитлеровите банди сѐ оште седат во нашето Скопје. Они, со помош на професионалниот терорист Ванчо Михајлов, воражуват качашки албански банди за борба против нашата Народно-ослободителна војска на Македонија, сакајќи без пречка да се провлечат низ Македонија и се измакнат од Балканот, од клештите во кои ги стега мошната Црвена армија, англоамериканските војски и нашата Народно-ослободителна војска на Југославија…

…Фашиските окупатори и нивните слуги се пред пропаст, ама ги преземат сите мерки како би го одложиле своето пропаѓање. Они изнајдуват нови трикови, како би го задржали македонскиот народ мирно да го поднесува фашискиот јарем. Ванчо Михајлов и неговата група издајници и крвници на македонскиот народ, готват платени банди да по истеглувањето на бугарските фашиски војски ја завладејат Македонија за сметка на Хитлер или некој друг господар.

Од друта страна, това исто се готтви и од најголемиот издајшки слуга на Хитлера Милан Недиќ, кој се токми да умаршува во Македонија и да го обнови големосрпското ропство

Co подлиот напад на германо-фашиските империјалисти во 1941 година Југославија бидува прегазена, а Македонија, за четврти пат во 30 години, поделена меѓу фашиските јатаци на Хитлера.

Под великобугарската окупација настанаја најтешките години на македонскиот народ…

Целото македонско стопанство беше подложено на најбесрамен грабеж за сметка на фашиската Германија. Бугарските фашиски измеќари се преобрнаја во најверни кучина на Хитлера…

..Дури на една страна се трубеше неуморно старата поробувачка песма оти македонски народ немало, оти ние сме биле асли Бугари, а друга страна се полнеа занданите со чеоните синови на Македонија, а во полицејските участаци со инквизиторски методи се мачеа народните борци… Крвожедниот фашиски окупатор трша кон физичко ис-требуване на македонскиот народ. Модерните Хуни ги надминаја во крволочноста најсуровите турски катили…“.

Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното оослободување на Македонија (АСНОМ) е одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински. Првото заседание на АСНОМ претставува клучен пресвртен миг во развојот на македонското национално-ослободително движење, продолжување на ослободителните востанија од крајот на XIX век, Илинденското востание од 1903 година и подоцнежниот растеж на тоа движење во Македонија, поделена со Балканските војни и со Првата светска војна. АСНОМ е круната на антифашистичката НОБ, по што дојде до брзо зацврстување на македонската национална свест и самобитност и дефинирање на јасна национална програма за македонска држава.