Заев закажа лидерска средба во петок, во Клуб на пратеници


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На денешната прес-конференција која ја одржа за јавноста и медиумите, премиерот Зоран Заев ја најави долгозборуваната лидерска средба која ја закажа во петок, 19 јули, во Клубот на пратеници.

Заев го кани Мицкоски на лидерска средба на 19 јули во 14 часот во клубот на пратеници. Средбата ќе биде во проширен состав. На заедничка маса треба да седнат заедно со Али Ахмети и Зијадин Села. Ќе се разговара за три теми, пописот, законот за јавно обвинитлество и измените на Изборниот Законик.

Искрената и чесна посветеност на овие теми ќе ги заокружи европските аспирации до добивање датум за преговори вели Заев. Очекува позитивен одговор од сите лидери. Не е време за предвремни парламентарни избори, но доколку опозицијата инсистирала, тогаш тие може да се одржат во октомври 2020 година.

„Не само тие и ние сме подготвени секогаш за предвремени парламентарни избори, и на есен и на пролет, Но, јас останувам на ставот дека треба да одиме на редовни избори. До сега видовме каде не однесоа брзи и предвремени избори видовме до каде ја донесоа државата. Релациите со ДУИ се одлични и верувам дека со кадровските решенија овие денови ќе привршиме. Лидерските средби треба да се користат за се што е важно за учесниците во овој процес, како и за граѓаните. Ако требаше да одиме на предвремени парламентарни избори, ќе одевме заедно со претседателските. Редовните избори се во декември, 2020 година, но за мене тоа се редовни избори и да се одржат во октомври. И јас и Мицкоски имаме обврски за важни прашања и уште рана пролет и есента лани рековме дека ќе се навратиме на Изборниот законик , и го вративме стариот дел за да го пребродиме овој дел, да завршат претседателските избори, и потоа да разговараме за нов Изборен законик, а отворено е и прашањето за изборен модел. Наша одговорност е да разговараме за нови изборни модели кои би биле демократија плус”, рече Заев како одговор за новинарско прашање.

ВМРО ДПМНЕ инсистира на лидерската средба да се разговара само за предвремени парламентарни избори.

ДУИ ќе прифати лидерска средба додека Алијансата на Албанците дополнително ќе одлучи.