Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Претседателот на СДСМ и мандатор Зоран Заев рече дека е задоволен од тоа како течат работите околу преговорите за состав на новата влада.
Разговорите течат со сите политички партии. Јас се надевам дека ќе ги заокружиме важните принципи за она што е интерес за граѓаните на Република Македонија и за нашата заедничка земја. Драго ми е што во тој дел работите се движат во позитивен правец. Верувам дека денеска, утре ќе почнеме да разговараме нешто и за ресорите и имињата за да можеме преку вас да ги информираме граѓаните. Задоволен сум како течат работите, мене ми е драго што господинот Села е поздрав за да можеме да влеземе во разговори со Алијансата за Албанците, рече Заев.
Прашан дали би можело брзо да се очекува формирање влада, Заев истакна дека е поважен квалитетот.
Правиме напори, ако не друго, заради Брисел, но верувам дека поважен е квалитетот, поважно е тоа што е интерес на граѓаните, да биде суштествено се договорено, за да можеме предлогот да го испорачаме до Собранието на Р Македонија, истакна Заев.