Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонскиот премиер Зоран Заев вчера на Скопскиот економски форум рече дека направил грешка кога кажал „македонската репрезентација“ бидејќи како што рече, тоа е во спротивност со Преспанскиот договор.
– Секогаш праќам пријателски пораки, верувам во Преспанскиот договор, го направив заедно со пријателот Алексис Ципрас и јас сум првиот што го следи, некогаш се случува да направам грешка, имам 46 години, се случува да го спомнам тоа во една реченица и да го повторам некогаш – рече Заев.
Портпаролката на грчката влада Аристотелија Пелони вчера реагираше на твитот на премиерот Зоран Заев поради тоа што тој ја користи придавката „македонски национален фудбалски тим“.