Актуелно

Заев за Екатимерини: Сигурен сум дека на референдумот ќе си го промениме името

Македонскиот премиер е убеден дека референдумот со кој ќе се бара трајна промена на името на Македонија и исполнување на сите детали од договорот со Грција ќе биде успешен.

„Анкетите во нашата држава покажуваат дека над 75% од луѓето поддржуваат интегрирање во НАТО и Европската Унија, така што нема дилеми дека референдумот ќе биде успешен, односно ќе го исполниме условот кој денес ни беше даден во Брисел.“ вели македонскиот премиер Зоран Заев за грчкиот весник Екатимерини.

Во продолжение, весникот вели дека: „ФИРОМ треба да се преименува во Северна Македонија на референдум кој треба да се одржи на крајот од септември, или почетокот на октомври месец.“

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top