Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Премиерот Зоран Заев по повод верскиот празник Богојавление – Водици упати писмо со честитки до Архиепископот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и до сите православни верници.
„Празникот Богојавление – Водици повикува да се очистиме од гревовите на алчноста, од гревовите на гневот и омразата.
Со крштевањето во осветените води, празникот нѐ повикува да ја прифатиме духовната зрелост, да си простиме и смирено и со љубов да си посакаме добра волја како влог за подобро утре.
Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник Богојавление – Водици“, се вели во писмото со честитки на Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев по повод празникот.