Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако дел од медиумите пренесоа информација дека постојаниот руски претставник во ЕУ, Владимир Чижов, ги поканил одбиените Македонија и Албанија да влезат во Евроазиската економска унија, премиерот Зоран Заев на прес-конференција категорично ги отфрли таквите информации, изјавувајќи дека до македонската Влада не стигнала таква покана.
До Владата не стигнала никаква покана за членство на Македонија во Евроазиската економска унија (ЕАЕУ), изјави денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Скопје.
„Веројатно има некоја одбранбена мембрана, ѕид околу Владата, па тешко да стигне таква покана. Затоа што ни на памет не ни паѓа таква работа. Не, нема таква покана и се надевам дека нема ни да стигне, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање дали по не добивањето датум за старт на прегооврите за членство со ЕУ, земјава добила покана за пристапување кон ЕАЕУ“.