Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, е убеден во изборната победа на предвремените парламентарни избори на коалицијата со Беса и во Шестата изборна единица, и им порача на ДУИ да не се лажат дека тие ќе победат во „шестката“.. Запрашан како ја коментира изјавата на вицепремиерот Бујар Османи дека коалиција меѓу СДСМ и Беса е спротивна на интересите на Албанците, Заев одговори дека одлуката за мултиетничка коалиција е историска.
„Јас би му порачал на нашиот сегашен коалициски партнер да не си го лаже паметот, коалицијата СДСМ – Беса и другите партии ќе биде победник на овие избори, не ДУИ. И тоа во Шестата изборна единица каде што најмногу се мери влијанието на албанската заедница во државата“, рече Заев на прес-конференцијата на која промовираше мерки од економската програма на за изборите.
Во однос на дилемите како коалицијата со Беса ќе се одрази кај гласачите –Македонци, Заев рече дека токму поради ваквата коалиција очекува поголем број македонски гласови.
„Видовме дека нема ништо од кантонизации, тирански платформи и дека никој не изгубил ништо, туку напротив, добивме повеќе спокој“, рече Заев, додавајќи дека е почесно да се излезе пред изборите со мултиетничка коалиција и заедничка програма.
Според Заев, она што СДСМ и Беса го направија со договарањето коалиција е продолжение на она што почна во 2016 година, кога на тогашните парламентарни избори за СДСМ гласале десетици илјади Албанци, потоа на локалните избори кога Македонци гласаа за кандидат за градоначалник од албанска партија, и конечно на претседателските избори кога, како што кажа, се гласаше за независен кандидат.