Заев тврди: Следната недела Македонија ќе има нова Влада


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Мандаторот и лидер на СДСМ, Зоран Заев од Брисел најави дека идната недела Македонија ќе има нова влада.

Можам да кажам дека со сите партии освен БЕСА сме многу поблиску и за кадри и за ресори. Со БЕСА се уште разговараме за тоа. Ќе се обидеме до крајот на неделата да испратиме предлог до Собранието, рече Заев.

На новинарско прашање, тој рече дека доколку во петок се достави предлог до Собранието, на почекотот на наредната недела Македонија треба да има нова Влада.

Тој кажа дека со високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, разговарале за регионалните проекти, за поддршката за инфраструктурните проекти, за отворените билатерални прашања кои постојат, а би биле пречка за унапредување на земјите и најважно, да се зајакне соработката.