Заев тврди дека заедничкиот кандидат од албанска националност со ДУИ не е „изненадувањето“ кое ќе го објават интегративците


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, на прашање од новинарите околу утрешното изненадување од страна на ДУИ кое го најави лично тој, потврди дека не се работи за заеднички кандидат Албанец за градоначалник на Скопје.

-Не се работи за тоа, се работи за нешто кое што претставува модернизација на нашиот коалиционен партнер, порача Заев.

Албанските медиуми претходно пишуваа дека поранешниот министер за здравство и бизнисмен од Сарај, Имер Селамани , би можел да биде заеднички кандидат на СДСМ и ДУИ за градоначалник на Скопје.

Селмани, според информациите со кои располагаат медиумите бил најприфатлив за сите партии од власта.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети со сабота ќе соопшти убава вест, вели премиерот Зоран Заев кој не сака да откри за што станува збор.