Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Премиерот Зоран Заев, во име на владината одлука за тоа, категорично тврди дека попис на населението во Македонија (кој не е направен цели 20 години) ќе биде спроведен во април, 2021 година.
„Сите законски и други услови за одржување на пописот се завршени. Законот за попис деновиве, а можеби дури и денеска ќе биде на пленарна седница за конечно усвојување на Законот. Граѓаните бараат попис, на државата и треба пописот“, рече премиерот на денешниот отчет по повод 100 дена од работењето на новата Влада.
„Веднаш по формирањето на владата ја потврдивме и определбата за спороведување на попис на населението како еден политички договор предвиден за април наредната година како важен статистички процес кој всушност е дел од планирањето на владината политика“, рече вицепремиерот Артан Груби.