Заев и Ципрас изнашле и договориле едно можно решение за спорот на името – на потег земјите


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, успеале да постигнат договор за можно решение на меѓусоседскиот спор за името. Останува нивниот предлог да биде прифатен во двете земји.

Зоран Заев и Алексис Ципрас изнашле опција која може да биде прифатлива како решение за спорот за името за двете страни. Сега, според македонскиот премиер, институциите на системот треба да овозможат спроведување на решението.

„Ако е возможно ќе имаме решение”, рече Заев.

Македонскиот премиер Заев денеска во Софија избегнуваше да го користи терминот „решение”, но рече дека двајцата постигнале согласност како би можел да изгледа компромисот. До конечното решение обајцата ќе треба да се консултираат со политичките чинители дома.

„Утврдивме една опција која може да биде прифатлива за двете страни. Јас сум Зоран, а мојот партнер е Алексис и мораме да се консултираме и со другите политички чинители во нашите земји: со претседателите и другите политички лидери”, рече Заев.

Тој оцени дека „од денес” пријателството меѓу Република Македонија и Република Грција е уште посилно.